• сабота, 23 ноември 2024

Почна замената на искршените со нови сообраќајни знаци во Куманово

Почна замената на искршените со нови сообраќајни знаци во Куманово
Куманово, 19 јули 2021 (МИА) - Почна обновата на искршените, оштетените сообраќајни знаци во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за инфраструктура и сообраќај од секторот за комунални работи од општината. Наскоро ќе бидат поставени и сообраќајни огледала на клучни крстосници, каде е намалена видливоста. - Почнавме со поставување сообраќајни знаци на оние места каде знаците се оштетени и се заменуваат со нови. До крајот на неделава ќе бидат поставени и сообраќајни огледала на крстосници каде е намалена видливоста. Очекуваме на овој начин да се постигне поголема прегледност, а со тоа и поголема безбедност во сообраќајот, изјави вишиот соработник за локални патишта и улици, Бојан Петковски. Според надлежните, планирано е вакви огледала да бидат поставени кај гимназијата „Гоце Делчев“, кај основното училиште „Толи Зордумис“, на регионалниот пат на излез кон населбата „Ајдучка Чешма“ и уште на неколку локации во централното градско подрачје. Инаку, општина Куманово по претходно објавен тендер во април годинава, склучи договор со избраниот најповолен понудувач, фирма од Скопје за одржување на јавно прометни површини во град Куманово – вертикална сигнализација за 424.800 денари со вклучен данок на додадена вредност. До крајот на годинава се очекува да бидат заменети и поставени нови 350 до 400 сообраќајни знаци.ам/бт/

Остани поврзан