• петок, 22 ноември 2024

Почина хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Почина хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска на 73 години од животот, во кругот на пријателите и семејството.

Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност.

Нејзини најпознати наслови се „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“.

Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура заедно со Мултимедијалниот институт од Загреб, во изминатава година, во пријателска комуникација и соработка со Дубравка Угрешиќ ги подготвија и преведоа нејзините книги: „Штефица Цвег во челустите на животот“, „Тука нема ништо“, „Црвеното училиште“ и „Тука нема ништо“. Наскоро ќе ја отвориме и нејзината изложба, нејзиниот интердисциплинарен подвиг во визуелните уметности „Црвеното училиште“.

Други нејзини дела преведени на македонски јазик се „Доба на кожата“, „Европа во сепија“, „Лисица“, во изадание на Антолог, „Музеј на безусловното предавање“, „Забрането читање“, „Култура на лагата“, „Баба Јага снесе јајце“, „Министерство на болката“, „Нема никој дома“, во издание на Сигмапрес.бт/са/

Фото/ КРИК – фестивал

Остани поврзан