• сабота, 27 април 2024

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов
Скопје, 13 април 2023 (МИА) - По кратко и тешко боледување, на 77-годишна возраст, денеска почина доктор Иван Рамбабов, специјалист ортопед, основач на Ортопедскиот оддел во Клиничката болница во Штип, каде го води тимот кој првпат почнува  со имплантации на вештачки колк.  

Рамбабов бил пратеник во првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија, како и долгогодишен директор на Медицински центар - Штип.

Како што информираат за МИА негови блиски, погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Штип, во 13 часот. бд/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан