• недела, 22 декември 2024

Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ

Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ
Париз, 10 февруари 2022 (МИА) – Францускиот виролог Лик Монтање, кој во 2008 година ја доби Нобеловата награда за истражување на вирусот ХИВ, почина денеска во Париз. Монтање ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на вирусот ХИВ со група научници, а за време на пандемијата на коронавирусот беше отворен противник на вакцините и тврдеше дека Ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија. За време на својата кариера бил директор на Светската фондација за истражување и превенција на СИДА во Париз. Во годините пред почетокот на епидемијата на СИДА, тој направи значајни откритија за природата на вирусите и придонесе да се сфати како тие можат да ги променат генетските информации на организмите домаќини. Неговото истражување за интерферон го отвори патот за откривање на фармацевтски лекови за вирусни болести. јт/

Остани поврзан