• петок, 05 декември 2025

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја

Охрид, 20 август 2025 (МИА) – Националната установа „Охридско лето“ денеска потпиша Меморандум за соработка во областа на културата.со Театарската асоцијација на Јужна Кореја.

Документот им за цел интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.

Спогодбата ја парафираа дректорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски и претседателот на Корејската асоцијација, Сен Јеунг Ву. 
Оваа соработка отвора нови перспективи за македонската уметност, смета директорот Цуцковски.

Инаку со европска премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, копродукциски проект на Театарската асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и НУ „Охридско лето“, вечерва се спушта завесата на јубилејното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“. аб/са/

фото/Охридско лето

 

Остани поврзан