• петок, 22 ноември 2024

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим 

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим 

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер. 

Со Меморандумот, Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна поддршка за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите. 

-На денешната средба, градоначалничката Арсовска го запозна градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата и ја истакна поддршката од Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023, информираат од Град Скопје.вј/цр/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан