• петок, 22 ноември 2024

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Во Националната опера и балет денеска беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на Националната установа Џез оркестар на Северна Македонија.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање рече дека со потпишувањето на овој договор се прави последниот чекор во подготовките за непречено да започнат градежните работи во Домот на НУ Џез оркестар. 

-Откако оваа нова национална установа со одлука на Владата доби трајна адреса во рамките на овој објект, со одлука на Владата истo така беа обезбедени 10 милиони средства од ТАВ програмата за целосно реновирање на просторот во достоен Дом на џезот, рече министерката.

Директорот на Националната опера и балет Васко Ристов рече дека е изнајдено трајно решение за простор на Здружението на џез музичари.

-Станува збор за простор каде колегите музичари ќе имаат проби, креирање на уметност, жанр кој е многу важен за развитокот на музичката култура во Северна Македонија, рече Ристов. бт/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан