• среда, 18 декември 2024

Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан