• понеделник, 23 декември 2024

Поставување камен-темелник за нова детска градинка во општина Ѓорче Петров

Поставување камен-темелник за нова детска градинка во општина Ѓорче Петров

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село кај Стопански Двор во Општина Ѓорче Петров, информира владината прес-служба.

Детската градинка ќе има капацитет за згрижување на над 100 деца, на површина од 415 м2 на приземје и 483 м2 на прв кат. Дечињата на возраст од 0 до 2 години ќе бидат сместени во две групи на приземјето на градинката. Првиот кат е предвиден за поголемите дечиња кои дневните програми ќе ги поминуваат во 4 занимални, односно вкупно 6 занимални заедно со јаслите, поделени на два ката.
 
Објектот, кој ќе биде граден по најмодерни стандарди, ќе опфаќа заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална. Проектот е финансиран од Владата на Република Северна Македонија во вредност од 60.000.000 денари и со ова ќе се намали списокот на деца кои чекаат за упис во детските градинки во Ѓорче Петров. сст/аа/

фото МИА архива
 

 

Остани поврзан