• вторник, 05 ноември 2024

Поставен нов асфалт на улица „Лозановска“ во Крива Паланка

Поставен нов асфалт на улица „Лозановска“ во Крива Паланка
Крива Паланка, 17 јуни 2022 - (МИА) - На улица „Лозановска“ во Крива Паланка е поставен нов асфалтен слој по претходно извршена подготовка на улицата со должина од околу 850 метри.
Како што изјави градоначалникот на општината, Сашко Митовски, со ова се подобрува сообраќајното поврзување на овој дел од градот.
- Поставен е нов асфалтен слој по претходно извршена припрема на улицата со должина од околу 850 метри, со што се подобрува сообраќајното поврзување на овој дел од градот. Претходно беше асфалтирана и улицата во населба Куков Дол. Активностите се реализираат со средства од буџетот на Општина Крива Паланка од Годишната програма за тековно одржување улици и крпење ударни дупки 2022 година. Со несмален интензитет работиме на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во секој дел од нашата Крива Паланка, изјави Митовски.
Увид во градежните работи на терен денеска, покрај градоначалникот, извршија и претседателката на Советот, Изабела Павловска и советниците, заедно со стручните служби од Одделението за урбанизам од општината.
Во непосредна близина на улицата, во населба Лозаново се врши и подготовка на теренот за изградба на детско катче за најмладите жители на општината. ид/ар/

Остани поврзан