• петок, 22 ноември 2024

Последните моменти од кариерата на Федерер ќе бидат прикажани во документарен филм

Последните моменти од кариерата на Федерер ќе бидат прикажани во документарен филм

Базел, 19 февруари 2024 (МИА) - Последните моменти од легендарната спортска кариера на Роџер Федерер ќе бидат прикажани во документарен филм. Проекцијата на британскиот режисер Асиф Кападија ќе ја пренесува стриминг платформата „Амазон“. Ги опфаќа последните 12 дена од кариерата на Швајцарецот, кој има освоено 20 гренд слем титули.

Федерер се збогуваше со јавноста во 2022 година, кога учествуваше на егзибицискиот турнир „Лејвер куп“. Таму играше двојки заедно со својот голем ривал и пријател Рафаел Надал.

Овој филм ќе ги прикаже најинтимните моменти од кариерата на Федерер додека тој се збогува со фановите кои му го обликуваа животот во последните 20 години.

Филмот користи снимки од личната архива на Швајцарецот, која исто така го прикажува неговиот живот далеку од рефлекторите.

„Оригиналната идеја беше да снимам нешто што подоцна би можел да им го покажам на моите деца, моето семејство и моите пријатели. Во текот на мојата кариера бегав од камерите, но овој пат се согласив затоа што сакав тоа нешто да биде снимено за мене. Сепак, се покажа дека камерата сними толку моќни моменти што успеа да се претвори во длабоко емотивно патување, рече Федерер.

Режисерот Кападија е еден од најголемите мајстори на документарниот филм. Има оскар за неговата проекција „Ејми“, посветена на пејачката Ејми Вајнхаус. Снимаше и филмови за животите на фудбалски легенди како Диего Марадона и Кристијано Роналдо.

Филмот на Федерер сè уште нема официјално име или датум на прикажување. Сепак, има интервјуа со Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои зборуваат за нивниот однос со Швајцарецот, како и за неговото влијание врз тенисот.дс

Фото: Архива

Остани поврзан