Посебен режим на сообраќај утре во четврток и петок во Скопје
- Поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Ирене Келин, Одделението за безбедно
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре, задутре и во петок, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Министерството за внатрешни работи, од тие причини, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. вг/