• сабота, 23 ноември 2024

Порошенко ги повика украинските власти итно да изградат утврди во критичните области

Порошенко ги повика украинските власти итно да изградат утврди во критичните области

Киев, 9 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко ги повика властите во Киев итно да изградат утврди во критичните области на украинскиот фронт.

Тој ги повика властите да изградат утврди на административната граница на регионите Доњецк и Дњепропетровск, како и во регионите Харков, Суми и Запорожје.

Порошенко купил 12 нови багери за украинската армија во вредност од еден милион долари, јави Интерфакс-Украина.

Претходно Порошенко веќе набави повеќе од 40 багери за украинската војска.

- Порачуваме шест багери месечно и таа нарачка ќе ја продолжиме во 2025 година, изјави Порошенко.

Тој потсети дека пред повеќе од три години Стејт департментот и Белата куќа им рекле на украинските власти дека треба да подготват утврди, но тоа се уште не е почнато. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан