• недела, 22 декември 2024

Поренешен припадник на зелените беретки во САД осуден за шпионажа во полза на Русија 

Поренешен припадник на зелените беретки во САД осуден за шпионажа во полза на Русија 

Вашингтон, 14 мај 2020 (МИА) Суд во Вирџинија денеска пресуди 15 години и осум месеци затвор за Питер Рафаел Ѕибински Дебинс, поранешен американски припадник на специјалните сили „зелени беретки“, кој вршел шпионажа во полза на Русија. 

Во соопштение од судот на источниот округ на Вирџинија се вели дека Дебинс (46) вршел шпионажа за Русите со обезбедување информации за националната одбрана на САД.   

Како што утврдија исражните органи, Дебинс соработувал со руското разузнавање од декември 1996 година до јануари 2011 година. Во текот на ова време тој во повеќе наврати ја посетувал Русија и се среќавал со агенти од руското разузнавање. Во 1997 година тој добил кодно име од руски разузнавачки агенти и потпишал изјава дека потврдува дека сака да ѝ служи на Русија, се вели во соопштението. 

Обвинителите побараа 17 години затворска казна за поранешниот припадник на специјалните сили. Адвокатот Дејвид Беновиц пак за својот клиент побара казна од пет години затвор. Според него, Дебинс не направил голема штета за државата. кб/ 

Остани поврзан