Поранешниот репрезентативец Марковски нов тренер на Металург
- Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Металург, потпишувајќи двеиполгодишен договор со клубот за кој настапуваше како играч.
Скопје, 23 март 2021 (МИА) – Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Металург, потпишувајќи двеиполгодишен договор со клубот за кој настапуваше како играч.
- Иван Марковски од денеска му се придружува на стручниот штаб, како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и ќе работи со тимот во наредните 2,5 години, изјави вечерва за клупскиот сајт првиот човек на Металург, Зорица Блажевска.
Марковски, покрај Металург, на домашна сцена настапуваше и за екипите на Пелистер и Вардар, а зад себе остави и богата меѓународна кариера како член на хрватските екипи Метковиќ и Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија. Како тренер дебитираше на клупата на Работник, а потоа со успех го водеше францускиот женски тим Ле Самбр Авенуа. ег/вј/