• вторник, 19 ноември 2024

Поранешниот претседател на Федерацијата БиХ ослободен од обвиненијата за злоупотреба на службената положба

Поранешниот претседател на Федерацијата БиХ ослободен од обвиненијата за злоупотреба на службената положба

Сараево, 14 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на ентитетот на Федерацијата Босна и Херцеговина Живко Будимир, по апсењето во 2013 година, изјави дека бил жртва на политички заговор и пресметка, поттикната од неговите политички противници. Кантоналниот суд во Сараево донесе конечна пресуда со која го ослободи Будимир за обвиненија за злоупотреба на службената положба и овластување.
Со тоа е потврдена истата пресуда претходно издадена од Општинскиот суд во Сараево, кој ги отфрли обвинувањата дека Будимир ја користел позицијата претседател на Федерацијата за да им користи на лицата осудени за разни кривични дела во замена за материјална корист, ослободувајќи ги од издржување затворска казна.
Будимир беше претседател на Федерацијата од 2011 до 2015 година, а беше избран од коалицијата на хрватски партии кои се спротивставија на Хрватскиот демократски сојуз (ХДЗ) на Босна и Херцеговина.
По апсењата и обвинувањата со кои се соочи, тој тврдеше дека е жртва на политички заговор и пресметка, поттикната од неговите политички противници. паг/
     

Остани поврзан