• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот еквадорски потпретседател уапсен во Мексико, земјата ги прекина односите со Еквадор

Поранешниот еквадорски потпретседател уапсен во Мексико, земјата ги прекина односите со Еквадор

Кито, 6 април 2024 (МИА) - Еквадорските власти синоќа го уапсија поранешниот потпретседател Хорхе Глас и го одведоа од мексиканската амбасада, поради што Мексико ги прекина билатералните односи.

Глас, двапати осуден за корупција, се засолни во амбасадата во градот Кито откако побара политички азил во декември, тврдејќи дека бил прогонуван од државното обвинителство.

Полицијата насилно влезе во мексиканската амбасада пред да го уапси, напиша мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на X.

Канцеларијата на еквадорскиот премиер соопшти дека Глас е уапсен.

Лопез Обрадор додаде дека му наредил на министерот за надворешни работи на Мексико да ги прекине дипломатските односи со Еквадор, нарекувајќи го апсењето кршење на меѓународното право и мексиканскиот суверенитет. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан