Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс е под истрага на белгиските власти поради перење пари
Брисел, 4 декември 2024 (МИА) - Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс е под истрага поради сомнение за перење пари, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на соопштение на обвинителството. Домот на Реиндерс беше претресен вчера, два дена откако ја напушти Европската комисија.
Се наведува дека поранешниот еврокомесар бил сослушан во полиција, но не можел да биде приведен бидејќи бил под истрага за можни злосторства за време на неговите години во ЕК и во белгиската влада. Се појаснува дека во таква истрага треба да важи имунитетот што тој го имал тогаш.
Според белгиски медиуми, откриени се сомнителни дејствија кои можеби довеле до акумулација на значителна сума пари.
Рејндерс беше еврокомесар за правда во последните пет години, а пред тоа беше сукцесивно министер за финансии, надворешни работи и одбрана по 1999 година. Рејндерс двапати беше одбиен како кандидат за генерален секретар на Советот на Европа. зш/