• петок, 05 декември 2025

Пораз на македонските одбојкарки од Турција на кадетското Балканско првенство

Пораз на македонските одбојкарки од Турција на кадетското Балканско првенство

 

Тирана, 13 јуни 2025 (МИА) – Македонската женска кадетска одбојкарска репрезентација загуби со 0:3 (18:25, 15:25, 6:25) од селекцијата на Турција во последниот натпревар од групната фаза на Балканијадата во Тирана.

Македонската репрезентација в недела во 14 часот ќе игра за пласман од петтото до шестото место.

Противникот на македонските одбојкарки ќе биде познат вечерва по комплетирањето на групата фаза од шампионатот.

Во воведните две кола, Македонија загуби од Бугарија со 3-0, а со идентичен резултат триумфираше над Косово. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан