• сабота, 11 мај 2024

Пораз за македонската одбојкарска репрезентација на гостувањето во Хрватска

Пораз за македонската одбојкарска репрезентација на гостувањето во Хрватска

Задар, 14 јуни 2023 (МИА) – Македонската одбојкарската репрезентација вечерва загуби од Хрватска во Европската Златната лига со 3:2 по сетови (20:25, 25:17, 25:23, 15:25 и 15:13).

 

Натпреварот се одигра во Задар и беше во рамките на 5. коло од Б-групата.

 

Македонците со две победи и три порази (6 бода) се на 3. позиција на табелата, Хрватите со биланс 1-4 (3 бода) се последни. На водечките две места се Украина со максимални 15 и Белгија со 6 бода. зс/

 

Фото: Фејсбук ОФМ

Остани поврзан