• сабота, 23 ноември 2024

Поради техничка неисправност санкционирани 79 возила

Поради техничка неисправност санкционирани 79 возила
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Технички неисправности се констатирани кај 79 од вкупно 202-те возила што биле упатени во станица за технички преглед во рамките на засилената акциска контрола што вчера во периодот од 9:00 до 13:00 часот ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава. Како што информираат од МВР, во акцијата се санкционирани и 253 возачи поради непочитување на сообраќајните правила и прописи. Од МВР најавуваат дека во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.вј/лв/

Остани поврзан