Поради стомачни вируси, Ван дер Бек ќе го пропушти повторниот собир на актерската екипа на „Досонс крик“
- Настанот, всушност, ќе биде читање во живо на пилот-епизодата во Њујорк, и ќе се одржи денеска.
Њујорк, 22 септември 2025 (МИА) - Глумецот Џејмс ван дер Бек вчеравечер на „Инстаграм“ објави дека нема да ѝ се придружи на актерската екипа на „Досонс крик“ (Dawson’s Creek) заради повторниот собир. Причината е „два томачни вируси“, како што вели тој.
„И покрај секој напор... Нема да можам да бидам таму. Нема да можам да застанам на таа сцена и да им се заблагодарам на сите што се појавија за мене и против ракот, кога ми беше најпотребно. Но, имам замена. Неверојатно преквалификувана замена која ќе беше број 1 на мојата листа на желби (не ни сонував дека тој ќе биде достапен). Некој кого моите деца дефинитивно би го разгледале како 'надградба' на мене“, пишува Ван дер Бек.
Настанот, всушност, ќе биде читање во живо на пилот-епизодата во Њујорк, и ќе се одржи денеска.
Значи, улогата на „Досон“ ќе „ја глуми“, т.е. ќе ја чита Лин-Мануел Миранда. За собирот се најавени и Мишел Вилијамс, Кејти Холмс, Џошуа Џексон, Мери Бет Пејл, Џон Весли Шип, Мери-Маргарет Хјумс, Нина Репета, Кер Смит, Мередит Монро и Бази Филипс. А пак, Џејсон Мур, кој режираше три епизоди од тинејџерската ТВ-драма, е режисер и на овој повторен собир.
Американскиот актер, инаку, лани во ноември објави дека му е дијагностициран рак на дебелото црево во трет стадиум. си/сд/
Фото: МИА архива