• понеделник, 23 декември 2024

Поради немање кворум откажан вонредното изборно собрание на ДПМ

Поради немање кворум откажан вонредното изборно собрание на ДПМ

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Поради немање кворум откажано е денешното Вонредно изборно собрание на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Како што информираат од ДПМ откако се констатирал бројот на присутните членови, било заклучено дека немало кворум за работа.

-Од вкупно 286 члена на ДПМ, биле присутни 73 члена, а за кворум за работа на седницата потребни се 96 члена. Според тоа, на Вонредното изборно собрание на ДПМ немаше кворум за работа на седницата, се наведува во соопштението. свс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан