• понеделник, 23 декември 2024

Попов: Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина

Попов: Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина
20 ноември 2022 Обраќање на Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на годишната конференција „Енергија, надеж, иднина“ Почитуван претседател на ВМРО–ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, Почитуван генерален секретар на ВМРО–ДПМНЕ г-дин Ѓорѓија Сајкоски, Почитувани членови на Извршниот и на Централниот комитет, Драги гости! Добар ден до победничкиот и најсилниот политички подмладок во МАКЕДОНИЈА! Добар ден за УМС на ВМРО-ДПМНЕ! Оваа годишна конференција за мене има посебно значење. Посебноста на оваа годишна конференција е тоа што оваа конференција се случува во еден исклучително важен период во нашето општество, период на будење на младите луѓе. Лани на годишната конференција говорев за штетата која ја трпат младите, кои се заглавени во мочуриштето на власта, во бесперспективноста и апатијата, но и дека мораме како и нашите предци неуморно да се бориме за посветла иднина, повеќе можности и подобар живот. Дека мора да го следиме идеалот за Македонија. Зборував дека младиот човек е силно разочаран, и му недостига искра за борба,  дека таа искра сме ние,  искра која ќе им понуди на младите луѓе иднина каква што заслужуваат во Република МАКЕДОНИЈА.  Ова ветување го исполнивме, искрата која се обврзавме да бидеме, станавме пламенот на револт и  бунтовност што гори И ВЕРУВАЈТЕ МИ, ПЛАМЕНОТ ЌЕ ЗГАСНЕ КОГА ОВИЕ ТРГОВЦИ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ ОД ИЛИНДЕНСКА БЕЗ БРОЈ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТРАНИ ИЗБОРИ ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО СРАМНОТ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА КАДЕ ШТО ПРИПАЃААТ! БОРБАТА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ЗАТОА ШТО УМС НЕМА ДА ОТСТАПИ И НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ! Разликата помеѓу нас и останатите подмладоци во Македонија е тоа што во УМС сме собрани луѓе кои нè обединува една идеја, идеја за просперитетна Македонија, за Македонија во која ќе воспоставиме мерит-систем во кој ќе биде важна само посветеноста и личните компетенции, идеја за модернизација, модернизација која ќе го донесе нашето општество во чекор со општествата од кој сакаме да бидеме дел, модернизација која нема да остане само на хартија како проект во некое од министерствата и да се гледа како можност за криминал и корупција, модернизација која ќе значи брзи и сигурни услуги за граѓаните, идеја за европски систем на вредности, а не желба за фотељи, тендери, корупција и криминал. Другата разлика е тоа што Унијата на млади сили не ја создава лидерот, туку Унијата на млади сили создава ЛИДЕРИ! Пред малку, зад мене на видеото ги видовте лидерите кои веќе ги создала Унијата на млади сили, а јас ОВДЕ ПРЕД МЕНЕ ГИ ГЛЕДАМ ЛИДЕРИТЕ ШТО ДОПРВА ЌЕ СЕ СОЗДАВААТ И ЌЕ СОЗДАВААТ НОВА ИДНИНА! Драги млади, можеби не се согласуваме за сè, но сигурен сум дека се согласуваме во желбата и идејата да ја направиме Македонија подобро и поубаво место за живеење, Македонија во која нашето општество нема да биде поларизирано, Македонија во која системот ќе функционира за сите исто, Македонија во која студентите и политичарите ќе живеат подеднакво достоинствено, Македонија во која политиката нема да биде синоним за криминал, Македонија во која спортистите и уметниците ќе бидат поддржани од државата. Нам ни се потребни промени, премногу време младиот човек и неговите барања и потреби се тема за пред избори на политичкиот естаблишмент, се сеќаваме сите на брдата и долините кои им беа ветени на младите, студентски градови, конкурентни универзитети, младинска гаранција и што уште не, а гледаме дека нашите студенти живеат во студентски домови кои личат на хорор филмови, образование, кое со нивните концепти и експерименти, на секое рангирање тоне сè повеќе. Последната манипулација што сакаа да ја протнат во јавноста беше субвенционираниот студентски оброк. Пробаа да го скратат бројот на студенти кои можеа да го остварат ова право, па потоа со омилениот студент на Владата, навидум се договараа. Овие театри нема да ви поминат, затоа што се виде вашиот слух и вашата грижа за студентите. За вас поддршката и инвестирањето во студентите и младите се непродуктивни трошоци кои ги рационализирате! ОВА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! БОРБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ И МЛАДИНСКИ СТАНДАРД НЕМА ДА ЗГАСНЕ! Унијата на млади сили и јас како нејзин претседател се обврзуваме дека од оваа борба нема да отстапиме, нема да отстапиме ниту милиметар од барањата за подобро утре. Првиот чекор во оваа борба е предизвикување на избори на кои ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА УБЕДЛИВО ЌЕ ПОБЕДАТ, А ТРГОВЦИТЕ ВО ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО ТЕШКА ОПОЗИЦИЈА. По победата на избори се обврзуваме дека ќе бидеме партнер на младите и мегафон на нивните барања, нема да дозволиме младите повторно да западнат во апатија, нема да дозволиме повторно враќање на статус кво, нема да дозволиме ниту еден млад човек да се почувствува дека е на маргините и дека неговиот глас не е слушнат! Во следниот период ќе барам голема ангажираност од секој еден од вас, затоа што пред нас има многу активности кои ќе мора да ги завршиме пред предвремените парламентарни избори. Во следниот период ќе се реструктуираме, ќе ги збиеме редовите и ќе вметнеме нова енергија во нашата структура. За само 10-тина дена од денес Европските демократски студенти, најголемата студентска организација во Европа, ќе одржи состанок на нејзиното Генерално Собрание во Македонија, ќе ги запознаеме со односот на властите кон македонскиот студент, со условите во кои нивните македонски колеги живеат и се образуваат. Исто така уште повеќе ќеја интензивираме соработката со нашите меѓународни партнери и ќе ја претставиме македонската вистина, особено во овој период на негирање од страна на нашиот источен сосед поради сервилноста на Владата. Ќе ги идентификуваме и ќе ги дефинираме сите проблеми на младиот човек во Македонија. За таа цел ќе барам од сите вас да ги исконтактирате вашите роднини, пријатели, познаници, млади луѓе, да поразговарате за проблемите, да не претпоставувате дека ги знаете проблемите, затоа што ќе мора да допреме до секој еден млад човек во Македонија без разлика на неговата етничка, верска или каква било друга припадност. Разговарајте за проблемите, но разговарајте и за решенијата. По ова обемно и најсеопфатно мапирање на проблемите со кои се соочуваат младите луѓе ќе изготвиме младинска програма која ќе биде дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе понудиме одржливи, брзи и соодветни решенија. Впрочем разликата меѓу нас и СДСМ може да ја видиме во оваа една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, година во која се реализираа проекти кои младите ги чекаа со години! Ова што ви го најавив знам дека е најава на еден интензивен и напорен период, но ве познавам доволно добро и знам дека вие ги сакате предизвиците, особено предизвиците за кои сигурно знаеме дека ќе ја донесат ВМРО-ДПМНЕ до победа, а самото тоа ќе резултира со нови проекти кои ќе донесат нова и подобра иднина.  Јас знам дека ќе имаме напорен период, но исто така знам од каков материјал е направена УМС, исто така знам чии наследници сте вие, знам дека вас ве водат и приказните за комитите, и приказните за партизаните и борбата против комунизмот и формирањето на сопствена, независна држава, но најголемиот мотив го наоѓате во визијата за подобра иднина на Македонија и затоа сум сигурен дека ниту еден час од вашето слободно време кој ќе го потрошите на градењето на оваа идеја нема да го сметате за залуден. Од тука сакам и да се заблагодарам на претходните структури на Унијата на млади сили, кои своевремено беа искрата, пламенот и партнер во тогашните борби на младите. Тие ни оставија аманет да се бориме, да не се конформираме, да ја продолжиме борбата и стремежот за подобра Македонија. Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој еден млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина. Немаме ние од што да се срамиме, нема ние од што да се колебаме, вистината е на наша страна и затоа ќе успееме во оваа наша борба! НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ! НЕМА ДА ОТСТАПИМЕ! ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ! Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ!  Да живее Република Македонија!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан