• петок, 22 ноември 2024

Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми

Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми

Скопје, 2 јуни 2024

„За жал изминатите 5 до 10 години бевме сведоци на апатија од страна на младите луѓе која како УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обидувавме да ја победиме и на крајот успеавме во тоа со оглед на резултатот на парламентарните избори. Апатијата се должи на тоа што во многу наврати се јаваше на незадоволството на младите и им се ветуваа работи реално кои не можеа да им се сервираа и предизвикаа апатија кај младите луѓе“, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во гостување во Детектор на Сител ТВ.

Тој продолжи и додаде:

„Како ВМРО-ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ многу внимававме што ќе им понудиме на младите луѓе за да не предизвикаме повторно младите луѓе да се почувствуваат изневерено. Во програмата немаме ветено апстрактни проекти туку реални проекти“, рече Попов.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да игра со чувствата на младите.

„Како ВМРО-ДПМНЕ нема да си играме со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми реално и нема да им ветуваме нереални работи“, заклучи Попов.


 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан