Попладнево посебен режим на сообраќај пред Собранието
- Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 18.00 до 19.15 часот на ул. „11-ти Октомври“, пред Собрание на Република Северна Македонија, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница.
Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 18 до 19:15 часот на улица „11-ти Октомври“, пред Собранието, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. цр/сп/
Фото: МИА