• петок, 28 јуни 2024

Поплавени десет објекти по невремето во Кавадарци

Поплавени десет објекти по невремето во Кавадарци

Кавадарци, 4 јуни 2023 (МИА) - Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци. 

 - Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец" со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20  работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија за МИА од јавното претпријатие „Комуналец“. свд/свс/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан