Понеделник, првиот ден на Јом Кипур неработен за припадниците на еврејската заедница
- Првиот ден на Јом Кипур, (25 септември - понеделник) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Првиот ден на Јом Кипур, (25 септември - понеделник) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Овој ден е прогласен за неработен за граѓаните од еврејската заедница согласно Законот за празниците на Република Македонија. бт/ац/