• понеделник, 23 декември 2024

Процедура за разрешување и избор на членови на Влада

Процедура за разрешување и избор на членови на Влада

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - На денешната седница на Собранието за Предлогот за реконструкција на Владата треба да се констатираат оставки на министри, да се гласа за разрешување на министри и заменици министри и да се изберат нови. Пред пратениците премиерот треба да го образложи предлогот за  реконструкцијата, со која неговит кабинет ќе добие четворица нови министри и петмина заменици. 

Собранискиот деловник за разрешување на министри предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено. 

Според член 221 од Собранискиот деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница. 

-По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути, се посочуват во членот 221 од собранискиот Деловник.

Како што стои во член 94 од Уставот, доколку претседателот на Владата предложи разрешување повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.фф/лв/

 

 

Остани поврзан