Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
- Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека утринава во 07.30 часот ќе одржи протест со блокада на мостот „Близнаци" помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека утринава во 07.30 часот ќе одржи протест со блокада на мостот „Близнаци" меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
- Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во тек на вечерните часови лв/бак/
фото: МИА