• петок, 22 ноември 2024

Помеѓу лицата кои паднаа во реката Лепенец има еден малолетник

Помеѓу лицата кои паднаа во реката Лепенец има еден малолетник

Скопје, 18 јуни (МИА) – Помеѓу лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при вчерашната сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце има еден малолетник, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи

- Според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16-годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции, стои во соопштението од МВР.

Станува збор за лицата кои исчезнаа при вчерашната сообраќајна несреќа, кога возило со косовски регистарски таблички падна во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. 

По наредба на јавен обвинител возачот на другото возило е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување. ар/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан