• вторник, 24 декември 2024

Пол Макартни најави турнеја во САД

Пол Макартни најави турнеја во САД
Сиетл, 21 февруари 2022 (МИА) - Британскиот пејач, сер Пол Макартни планира оваа пролет да одржи американска концертна турнеја со 14 настапи. Ќе започне во северозападниот дел на САД. Ова ќе биде негова прва серија настапи во живо по светската турнеја од 2019 година, објави поранешниот член на легендарните Битлси. Турнејата „Got Back“ ќе почне во Спокејн, Вашингтон, на 28 април, а потоа ќе следат и концерти во Сиетл на 2. и 3 мај, според распоредот на неговата официјална страница.  си/

Остани поврзан