• сабота, 23 ноември 2024

Полски музички документарни филмови и разговор со Брзозович на „Скопје Синема Сити“

Полски музички документарни филмови и разговор со Брзозович на „Скопје Синема Сити“

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Во рамките на фестивалот „Скопје Синема Сити“ вечерва ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Пријатели на 33 вртежи“ и „Станислав Сиревич“ од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович, кој воедно е гостин на фестивалот.

Оваа програма е дел од целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со Амбасадата на Полска.

Како што соопштија од Фестивалот, филмот „Пријатели на 33 вртежи“ ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на повеќе од 50 корици за винили и разговорот на овие двајца уметници за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.

Подоцна истата вечер, ќе биде прикажан филмот за композиторот Станислав Сиревич, кој јa раскажува приказнатa за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чиешто творештво е малку познато во Полска.

Сите проекции на Скопје Синема Сити се случуваат во Кинотека на Македонија. Помеѓу овие два филма, гостинот Брзозович ќе има разговор со публиката. Главен покровител на оваа вечер е амбасадата на Полска во Македонија.бт/дма/

Фото: „Скопје Синема Сити“

 

Остани поврзан