• петок, 22 ноември 2024

Полскиот фудбалер Рибус исклучен од репрезентацијата поради договор со руски клуб

Полскиот фудбалер Рибус исклучен од репрезентацијата поради договор со руски клуб
Варшава, 20 јуни 2022 (МИА) – Полската фудбалска федерација (PZPN) го исклучи од репрезентацијата дефанзивецот Мацеј Рибус, откако фудбалерот одлучи да продолжи да настапува во руското првенство. Рибус (32) изминатите пет години го носеше дресот на Локомотив Москва, а денеска потпиша договор со московски Спартак. Полскиот селектор Чеслав Михнјевич му соопшти на Рибус дека „поради клупската политика нема да биде повикан во репрезентацијата за дуелите во септември и оти нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Катар“, објави Полската федерација. Рибус со 66 настапи во националниот тим е меѓу најискусните дефанзивци во полската репрезентација. ег/паг/

Остани поврзан