• понеделник, 23 декември 2024

Полска предлага дополнителни давачки за оние кои продолжуваат да купуваат руска нафта

Полска предлага дополнителни давачки за оние кои продолжуваат да купуваат руска нафта
Варшава, 25 мај 2022 (МИА) - Полските власти предложија во рамки на новиот пакет санкции против Русија, да се воведат дополнителни царини за државите, што продолжуваат да купуваат руска нафта, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. - Полска предложи специјална исплата за изедначување. Ако некој продолжи и понатаму да увезува нафта од Русија и да ја купува поевитно, бидејќи земјата има интерес да ја продаде по секоја цена, тој нема да може да има корист, каква што имаат оние држави и бизнисмени, што се откажале порано од нафтата, изјави тој. Моравјецки забележа оти има неколку земји што не можат толку брзо,  за половина или дури за една година, да се откажат од руска нафта. Тоа се Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија. - Овие земји се стремат кон подолг транзициски период. Мора да се земат предвид одредени грижи, но и овие земји мора да бидат похрабри и да се откажат од снабдување нафта од Русија, додаде полскиот премиер. бд/ми/

Остани поврзан