• понеделник, 23 декември 2024

Половина Оклахома прогласена за резерват на Домородните Американци

Половина Оклахома прогласена за резерват на Домородните Американци
Тулса, 10 јули 2020 (МИА) - Врховниот суд на САД донесе пресуда дека околу половина од американската сојузна држава Оклахома им припаѓа на Домородните Американци. Случајот вклучуваше, поточно - засегна и претходна пресуда за силување на дете. Според одлуката на Судот, поголем дел од источната половина на Оклахома, заедно со вториот најголем град Тулса, треба да биде признат како резерват. Џимси Мекгирт, осуден за силување во 1997 година, го покрена случајот. Тој за да докаже оти делото се случило на територијата на Домородните Американци, цитираше историски документ што укажува која територија ѝ припаѓа на нацијата Мускоџи. Тоа значи дека Мекгирт има други, можеби поповолни услови за жалба на претходната пресуда, но и поинакви услови за идните судски процеси. Оваа одлука на Судот, значи и пониски даноци за Домородните Американци во Оклахома. Во новодефинираниот резерват, тие бројат околу 280.000 лица, т.е. 15 отсто од вкупно 1,8 милиони жители.  си/

Остани поврзан