• четврток, 07 ноември 2024

Полицијата приведе криумчар на мигранти

Полицијата приведе криумчар на мигранти

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Полицијата вчера на патот во близина на село Мрзенци привела 21-годишен скопјанец во чие возило при контрола биле пронајдени седум мигранти. Тој на знак на полицијата не запрел со возилото и се обидел да побегне, но, бил фатен и приведен. При преглед на возилото полицијата пронашла седум мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина.

-На 23.01.2024 околу 20.00 часот во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ кое M.K.  го управувал, но тој продолжил со движење и во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина, информираат денеска од МВР. 

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител , против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан