• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата изрече 452 санкции за брзо возење

Полицијата изрече 452 санкции за брзо возење
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 452 возачи. Од санкционираните 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 223 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 229 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта. ев/ МИА Фото: Архива

Остани поврзан