• недела, 22 декември 2024

Малолетнички пријавиле дека охриѓанец ги следел и вознемирувал

Малолетнички пријавиле дека охриѓанец ги следел и вознемирувал

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Во СВР Охрид вчера бил извршен службен разговор со Ѓ.Р.(34) од Охрид. Полицијата постапила по претходна пријава од Центарот за социјални работи Охрид дека тој вознемирувал и следел две малолетнички од Охрид, ќерки на неговата партнерка.

Како што информира денеска МВР, како што пријавиле малолетничките во Центарот за социјални работи, тој со уцена принудил една од нив да го бакне, а настанот го снимал со мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан