• понеделник, 23 декември 2024

Полицаец во Чиле уби уличен забавувач, јавноста гневна, запалени државни згради

Полицаец во Чиле уби уличен забавувач, јавноста гневна, запалени државни згради
Сантјаго, 7 февруари 2021 (МИА) - Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач. Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си. Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера. ссм/

Остани поврзан