• петок, 22 ноември 2024

Подмладоците на политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Подмладоците на политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Подмладоците на политичките партии во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. 

Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите на подмладоците на политичките партии. 

- Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите. бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан