• петок, 05 декември 2025

Пожар над селото Раштак, во гаснењето вклучени два ер трактора и полициски хеликоптер

Пожар над селото Раштак, во гаснењето вклучени два ер трактора и полициски хеликоптер

Скопје, 7 септември 2025 (МИА) - Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје. 

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер. 

- Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Од Центарот за управување со кризи, пак, информираа дека пожарот загрозува објекти и инфраструктура, а зафатени се и електрични столбови на ЕВН поради што компанијата беше известена и презела мерки за исклучување на електричната енергија во погодениот реон. бак/

Фото: ДЗС

 

Остани поврзан