• сабота, 05 октомври 2024

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече

Емполи, 3 април 2023 (МИА) – Почетокот на натпреварот во Серија А меѓу Емполи и Лече е одложен за час, откако вечерва на изби пожар во една од соблекувалните на стадионот.

Италијанската лига на своите социјалните мрежи наведе дека дуелот е одложен за еден час поради „безбедносни причини“.

Клубот од Лече на Твитер појасни дека до одложување на стартот дошло поради „краток спој во соблекувалната на домашната екипа“ Емполи.

Италијанските медиуми јавија дека противпожарните служби интервенирале поради „почеток на пожар“ во простор на соблекувална, кој брзо е ставен под контрола.ег /сд/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан