Пожар во куќа во Шуто Оризари, со повреда се здобил сопственикот
- При излегување од куќата, тој се здобил со повреда, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - При пожар во куќа во Шуто Оризари, со повреда се здобил сопственикот, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска во 5:20 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, настанал пожар во куќа, сопственост на 31-годишниот скопјанец Д.Р., кој при излегување од куќата, се здобил со повреда, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснија од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје. Извршен бил увид. бд/вј/
Фото: МИА архива