• недела, 07 јули 2024

Запален контејнер во ГТЦ, интервенција на Пожарна Скопје

Запален контејнер во ГТЦ, интервенција на Пожарна Скопје

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) – Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна.

- Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила,  бидејќи станува збор за прометен објект, изјави Томески. свс/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан