• петок, 20 декември 2024

Пожарот кај Дојран се гасне со хеликоптер и „Ер трактор“

Пожарот кај Дојран се гасне со хеликоптер и „Ер трактор“

Дојран, 5 август 2023 (МИА) - Силниот пожар кај Дојран, кој дојде пред селото Николиќ, се гасне со помош на полициски хеликоптер и авион „Ер трактор“.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај хеликоптерот на МВР со ведро од три тони, кој дејстува на местото на пожарот, се очекува да пристигне и еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), кој досега учествувал во гаснењето на пожарот кај Демир Хисар.

Пожарот го гаснат и пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Според информации од жители на селото Николиќ пожарот бргу се проширил на напристапен терен заради силниот ветер, но засега нема опасност да се прошири и кон селото. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан