• петок, 22 ноември 2024

Пожарот во Ранковце локализиран и ставен под контрола

Пожарот во Ранковце локализиран и ставен под контрола
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Пожарот во Ранковце е локализиран и ставен под контрола, објави ноќва на  Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Оттаму заедно со вицепремиерот Николовски и со македонската полиција се упатив кон Старо Нагоричане кадешто има активни пожари. Во текот на ноќта будно ќе ја следиме состојбата, државата ги мобилизира сите свои сили со кои располага за ставање на состојбата под контрола и целосно гасење на пожарите, наведе Спасовски. Тој воедно изрази голема благодарност до граѓаните, пожарникарите, полицајците, ЈП „Национални шуми“ и градоначалниците на Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Старо Нагоричане, кои помогнаа во справувањето со состојбата. - Апелирам до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, додава Спасовски во објавата. сп/

Остани поврзан