• сабота, 23 ноември 2024

Пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“ активен, пожарникарите, полиција и градоначалникот Коњановски на терен

Пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“ активен, пожарникарите, полиција и градоначалникот Коњановски на терен
Битола, 23 јануари 2022 (МИА) - Девет пожарникарски возила со 22 пожарникари го гаснат пожарот кој попладнево во 17:20 часот избувна во поранешната фабрика „Жито Битола“ што се наоѓа на јужната страна од градот. Од Територијалната противпожарна единица во Битола иинформираа дека нивна екипа веднаш интервенирала, а по согледувањето на сериозноста на пожарот активиран е целиот потенцијал со кој располагаат исклучувајќи ги пожарникарите кои се во изолација заради ковид-инфекции. По добиените информации за пожарот во поранешна „Жито Битола“ реагираше и градоначалникот Тони Коњановски кој потврди дека ги контактирал сите надлежни служби за брза интервенција, а разговарал и со министерот во Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Важно е што нема повредени лица. Мобилизирани се сите пожарникари, а побаравме помош и од соодветни екипи на РЕК Битола. Разговрав и ги информирав ЦУК, министерот Оливер Спасовски, како и колеги од соседните градови да помогнат доколку пожарот ги зголеми размерите, истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Вечерва со соопштение до јавноста излезе СВР-Битола од каде информираат дека на терен се излезени и полициски службеници за координирање на сообраќајот и јавниот ред во тој дел на градот. - До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот, соопштија од СВР-Битола. Превентивно, во овој дел на градот исклучена е електричната енергија, а сообраќајот се одвива со посебен сообраќаен режим. мт/мс/

Остани поврзан