• четврток, 19 декември 2024

Пожарникарски крос „Пожарко 2022“

Пожарникарски крос „Пожарко 2022“
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - По повод 20 Мај - Денот на пожарникарството во земјава, Републичкиот противпожарен сојуз на Македонија и Противпожарниот сојуз на Град Скопје утре го организираат традиционалниот пожарникарски крос натпревар за учениците од основните училишта од Скопје. Пожарникарскиот крос натпревар ќе се одржи 13-ти пат во општина Аеродром. Право на учество на кросот имаат ученици од осмо до деветто одделение од основните училишта од Град Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во конкуренција на категорија женски 500 метри и машки 600 метри. Организаторите очекуваат масовно учество на учениците. Стартот е на кејот на реката Вардар, во близина на салата „Јане Сандански“, а целта е на кејот на реката Вардар, кај мостот Близнак. мд/дма/    

Остани поврзан