• понеделник, 23 декември 2024

Пожарите во Дебарско изгаснати, активен само еден во село Бомово

Пожарите во Дебарско изгаснати, активен само еден во село Бомово

Дебар, 9 април 2024 (МИА) - Локализирани се пожарите кои беснееја во Дебарско и нема потреба од интервенција од воздух. Активен е само уште еден пожар, од помал обем, во селото Бомово, информираше за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

- Со максимални напори во текот на ноќта беа локализирани пожарите во регионот на селото Татар Елевци, Сушица, Бомово и Коњаре. Моментно интервенираме на еден пожар во Бомово. Во регионот на Татар Елевци гореше сува вегетација и ниско стеблеста шума а во останатите села сува вегетација и костенови насади. Интервенцијата ни ја отежнуваше непристапниот терен, додаде Мифтароски.

Според него, во регионот на Татар Елевци зафатена била површина од 30 хектари, додека во Бомово, Сушица и Коњаре околу 20 хектари.

Во гаснењето на пожарите освен пожарникарите биле вклучени и вработени од шумска полиција и од подружницата „Стогово“ на „Национални шуми“. вт/цр

Фото: ТППЕ-Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан